• English
  • Polski
  • Italiano
  • Hrvatski
  • Српски језик
  • Magyar
  • Română
  • Svenska
  • Čeština
  • Русский
  • български
  • македонски јазик
  • Deutsch

Моето име е Роман. Јас сум одговорен за овој проект INTERNATIONAL VILLAGE и би сакал да ви кажам нешто повеќе за проектот, целите и придобивките за вашето дете и причини зошто е добра идеја да учествува на проектот во Словачка.

Главната идеја на овој проект е да ги соедини луѓето повторно заедно. Денес во светот тинејџерите поминуваат многу време (барем според мене) пред компјутерите, таблетите, телефоните и поради тоа не воспоставуваат лични контакти со луѓето околу нив, туку ги заменуваат со виртуалниот свет. Тоа ги доведува до ситуација да комуницираат преку социјални мрежи, да гледаат слики преку Инстаграм или Фејсбук. Кога доаѓа момент тие да треба да комуницираат лице в лице, тогаш немаат ништо што да си кажат, односно ја губат способноста да комуницираат со другите. Го знам ова бидејќи и мојата ќерка е тинејџер, и понекогаш кога е со нејзините пријателки наместо да зборуваат тие си праќаат пораки и иако се во истата соба тогаш владее тишина.

Преку учеството на проектот, тие ќе се стекнат нови пријателство, ќе се дружат со цимерот од друга држава. На овој начин ние ги ‘тераме‘ да зборуваат на англиски и да комуницираат со цимерот.

Сите активности за време на овој проект се наменети да ги развијаат соработката и комуникацијата меѓу учениците од различни држави.

Јазични работилници

Секое утро учесниците посетуваат јазични работилници водени од родени говорници од САД, Обединетото Кралство, Канада или Австралија. Секоја група се состои од 13 ученици од различни држави со цел да зборуваат на англиски јазик и да соработуваат меѓусебно. Главен акцент се става на изразувањето, учесниците не пишуваат ниту пак читаат многу бидејќи тоа веќе го прават во училиште. Работилниците се забавни но и образовни истовремено. Тоа ќе им помогне да се опуштат и да не се срамат да зборуваат англиски јазик, што е голем проблем за оние кои го изучуваат како странски јазик.

Попладневни активности

Секое попрладне учесниците имаат различни активности исто така водени од родени говорители по англиски јазик. Опсегот на активности е голем, а учесниците имаат можност секој ден да бираат активност. Ние имаме организирано активности како: рагби, бејзбол (омилен на учениците), планинарење, ватерполо, доџбол, ДЏ курс, курс за шминка, часови по танц, работилница за театар, циркуз, графити, изработка на накит, маски, курс по цртање, социјални игри и многу други активности. Секоја година организираме нови активности. Освен овие активности, посетуваме блиски актракции (Аква Парк во Попрад и Краков или пак други дестинации). Како и јазичните работилници, исто и активностите се одвиваат со мешани учесници од различни држави. Тоа повторно претставува ново искуство за нив, да спортуваат или да вршат други активности каде се приморани да зборуваат на англиски јазик.

 

Вечерни активности

Секоја вечер се организираат разни активности за сите учесници заедно. Во понеделник се организира ’Презентација на својата држава‘ и ‘Вкуси ја мојата држава‘. За време на оваа вечер, учениците ја претставуваат својата држава на своите врсници од другите држави (ова е една од задачите што треба да ја подготват пред да пристигнат во Словачка), односно треба да зборуваат на англиски јазик пред голема публика. Преку оваа активност учениците учат за другите држави. Потоа сите претставуваат и пробуваат од националната и традицоналната храна која ја донеле во Словачка.

Во вторник се игра Музички квиз кој секогаш е забавен бидејќи сите тинејџери ја сакаат музиката. Вечерта обично завршува накај 22 часот. Во среда е време за Диско. Четвртокот е посветен или за Караоке или за Филмска вечер (зависно што избрале учесниците). Петок е последната вечер заедно и затоа е совршена за оган на отворено. За време на последниот ден, учениците ме прашуваат дали може да останат уште една недела или пак да се вратат наредна година. Никој не сака да си оди. Сите си разменуваат електронска пошта, број на телефон. Во овој момент започнува меѓународното пријателство. Некои ученици ми праќаат писма за да ми кажат дека сеуште се во контакт со некои од учесниците од проектот. Колку е тоа прекрасно.

Освен веќе напоменатите активности, учениците ќе имаат и активности како ‘ЕУ јазици‘ каде ќе ги научат најкорисните и најпознатите изрази на јазиците од државите кои се дел од проектот. Исто така преку предавањето за ЕУ ќе ги научат основните работи за Европската Унија.

Нешто што исто вреди да се напомене е цената за учество за овој проект што е доста конкурентна со цените за патувања во Англија, меѓутоа таму учениците немаат многу можност да зборуваат на англиски јазик. Кога станува збор за домашни екскурзии, овој проект е многу пообразовен од нив. Вашите деца ќе имаат поголеми придобивки од проектов. Овој проект е единствен во Европа, не постои друг проект сличен на овој во Европа.

Вашите деца ќе дојдат во Словачка со нивните наставници кои се одговорни за нив за време на целиот престој.

За време на таа седмица во Словачка, вашите деца ќе зборуваат на англиски јазик многу повеќе отколку што зборуваат во текот на целата година дома, а тоа позитвно ќе се одрази на училишниот успех. Ќе се стекнат со меѓународни пријателства кои ќе траат и по завршувањето на проектот. За некои од учениците можеби ќе биде прво патување без родителите, па тоа може и да биде прилично голем предизвик за нив. Ќе треба да делат соба со ‘странец‘ што потоа ќе стане негов/нејзин другар. Поголемиот дел од работите ќе ги прават за прв пат за врее на проектот. Со тоа ќе се здобијат со нови вештини.

Според мене, најдобрата работа е тоа што ќе станат подобри луѓе. Ќе научат да бидат потолерантни, ќе преминат преку нивните предрасуди кон други нации или раси, ќе научат повеќе за другите култури, навики и сигурно ќе ги надминат стереотипите за другите држави.

Дали вреди вашето дете да го пратите на овој проект во Словачка? Секако дека да!

Тоа ќе биде најдората седмица од нивните животи (го имам ова слушнато од учениците кои биде дел од проектот). Ви охрабрувам да ги прочитате писмата од минатите учесници што се наоѓаат на англиската верзија на оваа страница во делот OPINIONS. Исто така може да ги разледата фотографиите и видеата од претходните години во делот GALLERY


Македонската верзија на интернет страницата содржи само основни информации. Доколку сакате да прочитате подетално за проектот, одберете ја англиската верзија.

INTERNATIONAL VILLAGE