• English
  • Polski
  • Italiano
  • Hrvatski
  • Српски језик
  • Magyar
  • Română
  • Svenska
  • Čeština
  • Русский
  • български
  • македонски јазик
  • Deutsch

Проектот INTERNATIONAL VILLAGE е наменет за тинеџери од 14 до 17 години кои го зборуваат англискиот јазик доволно добро за да се разберат (ниво А2).

Групата може да биде составена од најмалку 7 ученици а најмногу од 30 ученици.

••• Дати и цени
Точните дати и цени за оваа година може да ги најдете на англиската верзија од оваа страница во делот Проект  THE PROJECT (english version).

••• Сместување
Учесниците ќе бидат сместени во Хотел Сореа** во Словачка. Повеќе информации за хотелот може да видите на страницата Локација.

За да се засили процесот на изучување на англискиот јазик, учесниците ќе бидат измешани по националност во собите. Тоа нема да им овозможи да го користат мајчиниот јазик и притоа ќе бидат приморани да го зборуваат англискиот јазик. На овој начин ќе им биде полесно да стекнат меѓународни пријатели.

••• Пансион
3 оброка на ден: доручек, ручек и вечера. Сите учесници ќе јадат заедно, со тоа се користи секоја прилика за употреба на англискиот јазик.

••• Превоз
Секоја група си го организира својот превоз до и од хотелот, како и превозот за ексурзиите. Превозот не е вклучен во цената за учество. Можно е да им помогнеме на групите кои пристигнуваат во Словачка со авион или воз, и да го организираме превозот за екскурзиите, пристигнувањето и заминувањето.

••• Програма
За јазичните работилници, учесниците ќе бидат поделени во групи од 13 учесници. Во групите ќе бидат измешани националности за да се намали можноста учесниците да зборуваат на нивниот мајчин јазик. Секоја група ќе има 2 јазични работилници на ден, и според нас ова е најјаката страна на проектот, ‘англиски во живо‘ т.е. учесниците ќе зборуваат англиски цело време меѓу часовите (за време на јадење, активности, слободно време, во соба итн.)

Работилниците ќе бидат наменети за развивање на вештините за изразување. Нема да има многу вежби за пишување, читање или граматика, туку сите активности ќе ги тераат учесниците да зборуваат на англиски јазик. Работилниците се забавни и образовни истовремено. Некои ученици ги гласаа овие работилници како најдобри активости за време на проектот. Сите активности поврзани со јазичните работилници ќе бидат водени од родени говорници од САД, Обединетето Кралство, Австралија и Канада.

Понатаму, секоја група ќе посети предавање за ЕУ. Благодарение на ова предавање, тие ќе се запознаат со Договоорт од Лисабон, зошто е толкаво значење, кои се главните институции на ЕУ, што е Шенген зона, улогата на Европскиот парламент итн. Со други зборови, ќе се запознаат со најважните работи поврзани со ЕУ.
Освен јазичните работилници и предавањето за ЕУ, ќе организирами и други активности:

  • •••„Презентација на својата државата” – учесниците ќе ја претстават својата држава на другите учесници од други држави.
    •••Караоке
  • •••Талент шоу
  • •••„Музички натпревар”
  • ••• „Карпа за качување”учесниците ќе искачуваат вештачка карпа
  • •••„Колку добро ги познавате други држави учеснички на проектот” Ќе избереме држава која најмногу ги познава останатите држави учеснички
    •••„Запознај го твојот цимер” Ќе избереме кои цимери најдобро се запознале
  • •••Спортски активности (бејзбол, рагби, кошарка, фудбал, одбојка, хокеј итн).
    •••Американски танци (ча ча, буги итн.)
    ••• „Јас сум Европеец” Ќе одбереме учесници кои знаат најмногу информации за ЕУ
    ••• „Вилиџ вести” Учесниците ќе состават весник за проектот
    ••• “Холивуд‘‘ Учесниците ќе изработат лип-даб видео (синхронизација со мимики)
    ••• „Домино” Учесниците ќе изградат ѕид од 3000 домино плочки
    ••• „Вилиџ песна” Учесниците ќе направат песна за проектот
    ••• „Диско инферно”  диско за учесниците на проектот 
    ••• „Вкуси ја мојата земја” учесниците ќе презентираат национална храна и пијалоци

Освен овие активности, ќе има и дискусии на разни теми како: толеранција, музика, екологуија, иднината на Европа итн. Сите активности ќе бидат водени од родени говорители на англискиот јазик кој е официјален јазик на проектот.Видот на активностите зависи од временските услови.

••• Екскурзии
Секоја група ќе го посети  најголемиот воден парк во овој дел на Европа ‘‘Аква Сити‘‘ во Попрад. Исто така ќе организираме уште една посета до една од понудените локации: Замокот во Стара Лубовна, Белианската пештера, возење сплав по реката Дунајец, Краков во Полска или пак најпознатиот град за бањи – Закопане.

 

••Регистрирање
Како да регистрирате група за проектот?

  1. Соберете ученици кои сакаат да учествуваат во проектот
  2. Пополнете го формуларот за улество и листата на студенти (одете на Регистрација)
  3. Пратете ни ги овие два документи по електронска пошта согласно крајните рокови

 


Македонската верзија на интернет страницата содржи само основни информации. Доколку сакате да прочитате подетално за проектот, одберете ја англиската верзија.

INTERNATIONAL VILLAGE