Добредојдовте на интернет страницата посветена на проектот INTERNATIONAL VILLAGE.
Горди сме на тоа што овој проект е единствен од ваков вид на европско ниво.

Овој проект е интересна замена за традиционалните домашни училишни ексурзии каде има само учесници од истата држава.

Главната идеја на овој проект INTERNATIONAL VILLAGE:
Учесници од различни држави да се сретнат и престојуваат 7 дена во хотел во Словачка. За време на престојот, тие учествуваат во различни спортски, уметнички и интеркултурни активности, ексурзии (Аква Парк во Попрад и Краков во Полска), и јазични работилници.
Преку овој проект, тие имаат можност да се запознаат со врсници од други држави, да се зближат едни со други, да ги надминат можните стереотипи за одредени држави и да стекнат меѓународни пријатели. Ова им овозможува да се запознаат со различни култури од различни држави.
Овој проект исто така овозможува тие да развијат толеранција, да им се отворат видиците и да увидат дека сепак не се многу различни од нивните врсници од други држави иако зборуваат различни јазици. Се надеваме дека по овој проект тие ќе се чувствуваат како Европејци. Исто така се надеваме дека по седумте дена поминати заедно, преку споделување и заедничко работење на разни активности, тие ќе ги надминат сите предрасуди кон другите нации или раси.

Официјалниот јазик за време на проектот е англискиот јазик, што значи дека сите активности ќе ги водат родени говорители од САД, Обединетето Кралство, Канада и Австралија. Учесниците ќе треба да го користат англискиот јазик за комуникација за време на нивниот престој. Тоа ќе им помогне да се опуштат и да не се срамат да зборуваат англиски јазик, што е голем проблем за оние кои го изучуваат како странски јазик.

Проектот INTERNATIONAL VILLAGE е наменет за тинејџери од 14 до 17 години кои го зборуваат англискиот јазик доволно добро за да се разберат (ниво А2).

Во 2017 бевме домаќини на 650 ученици од 16 различни држави.

Досега, сме биле домаќини  ученици од 24 држави: Австрија, Белгија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Данска, Германија, Финска, Шпанија, Унгарија, Италија, Литванија, Македонија, Молдавија, Холандија, Полска, Романија, Србија, Словачка, Словенија, Турција, Виетнам и Украниа.

Може да ги разгледата фотографиите и видео-клиповите од претходните години во Галерија (english version)


Македонската верзија на интернет страницата содржи само основни информации. Доколку сакате да прочитате подетално за проектот, одберете ја англиската верзија.